Компанијата Honda објавеи дека специјално изработената косилка Mean Mower V2 успеала да постигне нов светски рекорд за Гинис, како косилка која најбрзо забрзува од 0 до 100 милји на час.
Новиот рекорд за забрзување од 0 до 160 км/ч е 6,29 секунди, а бил регистриран во Германија каде зад воланот била Џесика Хокингс, каскадер и трчак со автомобили и картинг. За да биде запишан новиот рекорд, Mean Mower V2 требало да ја исполнува основната функција, а тоа е да коси. Истото било проверено за време на поставувањето на новиот рекорд.
Специјално развиениот Mean Mower V2 е опремен со четири цилиндричен мотор од 1000 кубиви од мотоциклот CBR1000RR Fireblade SP, кој генерира максимална моќност од 200 коњски сили при 13.000 вртежи во минута.
https://youtu.be/666v4d8tYU8
Додека биле на пистата во Германија, екипата зад Mean Mower V2 направила и испитувања за максималната брзина на движење, а бил запишан резултатот од 150,99 милји на час што е еднакво на 242 км/ч.









