Коронавирусот зема нова жртва – одложен е и саемот во Њујорк

ОБЈАВЕНО НА:

Иако организаторите пред само една недела убедуваа дека нема да го одложат саемот поради епидемијата од коронавирусот, сепак на крај организаторите одлучија на овој непопуларен потег.

Како што соопштуваат организаторите, наместо во април кога првично беше планирано, овој саем ќе се одржи во периодот од 28 август до 6 септември годинава со тоа што два дена претходно (26 и 27 август) ќе бидат одржани новинарските денови.

Причината за овој потег е се поголемата епидемија на коронавирусот, а организаторите сметаат дека здравјето на изложувачите и посетителите е најважно.

Претходно, поради истата причина одложен беше саемот во Женева како и неколку саеми во Источна Кина.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK