Сакајќи да придонесат за подигање на свеста кај луѓето за превенцијата и заштитата од коронавирусот, германските автомобилски брендови Volkswagen и Audi направија интересна акција – ги сменија сопствените амблеми.
Тие на симболичен начин со привремена промена на распоредот на елементите на своите амблеми, покажаа колку за сите нас е важно социјалното дистанцирање овие денови.
VW ги раздвои буквите „V“ и „W“ на својот амблем и сликовито прикажа дека е неопходно да се држи дистанца. Audi ги раздвојувајќи ги четирите испреплетени прстени на своето прочуено лого.
https://youtu.be/JcKP_-VB6xY
https://www.facebook.com/audi/videos/195959351825961/
Светската здравствена организација, владите ширум светот, а и многу популарни личности апелираат овие денови во медиумите и на социјалните мрежи на неопходно држења на дистанца помеѓу луѓето, за да се намали можноста за пренесување на вирусот.