Короната не го одложува релито Дакар – се според планот, одредена и рутата

ОБЈАВЕНО НА:

Пандемијата на коронавирусот нема да го одложи одржувањето на релито Дакар 2021, а ниту пак ќе го наруши планот на одржување. Оваа вест ја соопшти Дејвид Кастера, директорот на овој рели шампионат.

“Разговаравме со властите. Ќе прифатат се, но под одредени услови – ќе биде потребен ПСР тест. Сигурносната контрола е исто така потреба поради Ковид-19” изјави тој.

Тој додаде дека следната година нема да бидат издавани ВИП влезници, а нема да има ниту организирано следење на трките.

Според програмата, релито стартува на 3 јануари во Џеда, а завршува на 15 јануари во истиот овој град. Ова ќе биде втора година по ред како релито се одржува на Блискиот Исток.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK