Корнавирусот загрозува 14 милиони работни места во авто индустријата во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Борбата со коронавирусот ќе трае малку подолго од што се надеваа сите, а продолжувањето на таа борба вклучува и се построги мерки меѓу кои се и намалување на контактите меѓу луѓето односно затворање на фабриките. Една од најпогодените индустрии секако е автомобилската, и во моментов најголем број на фабриките во Европа се затворени, и не само оние што директно произведуваат возила, туку и пропратната индустрија односно снабдувачите со најразлични делови.

Во моментот, скоро сите производители на автомобили во Европа најавија дека ќе престанат со производство на операциите на континентот, а за рестартирање ќе бидат потребни многу повеќе отколку што е потребно за да ги запрат. Сега сите се фокусирани да му се помогне на здравството и се најавува или е веќе почнато со производство на медициски материјали.

„Јасно е дека оваа криза е најтешка што некогаш влијаела на автомобилската индустрија“, коментира Ерик-Марк Хутема, извршен директор на Здружението на производители на автомобили АЦЕА. “Со затворањето на целото производство и продажната мрежа сме на еден чекор од затворањето на работните места на околу 14 милиони Европејци. Повикуваме на одлучно и координирано дејствување на национално и европско ниво за да се обезбеди итна помош на компаниите за автомобили, нивните добавувачи и дилерите. Ние сме подготвени да соработуваме со Европската комисија, локалните самоуправи и акционерите за решавање на појавата на кризата“.

Во ACEA се вклучениа 16 европски групации за автомобили – BMW Group, CNH Industrial, DAF Trucks, Daimler, Ferrari, Fiat Chrysler Automobiles, Ford of Europe, Honda Motor Europe, Hyundai Motor Europe, Jaguar Land Rover, PSA Group, Renault Групацијата, Toyota Motor Europe, Volkswagen Group, Volvo Cars и Volvo Group. Сите тие потенцираат дека има околу 229 производствени капацитети кои работат во Европската унија, директно ангажирајќи 2,6 милиони Европејци.

* Оваа бројка се искачува на 13,8 милиони (6,1% од вкупната работна сила во Европа) при пресметување и индиректно вклучена во индустријата за производство на автомобили.
* Овие 13,8 милиони работници во авто индустријата претставуваат 6,1 отсто од сите работни места во ЕУ.
* Околу 11,4 отсто од работните места во производните погодни во ЕУ се токму во автомобилскиот сектор – односно околу 3,5 милиони работници
* Моторните возила придонесуваат со 428 милијарди евра преку такси во 15-те земји од ЕУ
* автомобилскиот сектор генерира трговски дефицит од 84,4 милијарди евра за ЕУ
* Обртот што го прави авто индустријата претставува над 7 отсто од ГДП на ЕУ.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK