Во ситуација кога треба да се внимава на хигиената и да се намалат контактите со другите се поставува прашање како да се заштитите кога треба да возите автомобил што истовремено го користат и други луѓе.
На пример во компанијата во која работите, а треба да го користите автомобилот што истовремено го возат уште неколкумина други, или треба да изнајмите рент а кар возило…. Како да го дезинфицирате, и кои делови се најризични и треба да им се посвети посебно внимание.
Една германска студија покажува дека коронавирусот може да преживее на пластика дури и до девет денови, а на метални површини и до пет дена.
Добро е секогаш со себе да имате средство за дезинфекција, алкохолен изопропанол или метанол и добро да се исчистат СИТЕ РАЧКИ ОСОБЕНО ОНИЕ ЗА ВЛЕГУВАЊЕ, УПРАВУВАЧОТ, МЕНУВАЧОТ, КОПЧИЊАТА ШТО СЕ КОРИСТАТ И РЕТРОВИЗОРИТЕ кога треба да седнет во возило што претходно го користел некој друг.
Тоа ќе ви одземе некоја минута, но ќе ве заштити.

Следете не и на:

