Користите Apple и возите Tesla или Nissan? Лесно ќе најдете каде има полначи за струја

ОБЈАВЕНО НА:

Apple реши да ја прошири понуда на нивните апликации за мапи во Европа и да им помогне на корисниците на електрични возила полесно да најдат каде има полначи на струја за нивните возила, и да ги оттргне од корисниците на iPhone од ривалскиот Google.

Апликацијата работи на тој начин што покажува локации на многу станици за полнење на електричните возила, и вклучени се податоци од германска компанија. Засега таа се однесува на корисниците на автомобили на Tesla и на Nissan.

На тој начин Apple сака да биде во чекор, односно да го „фати“ Google кој извесно време веќе ги покажува овие податоци во некои земји.
Апликацијата покажува и каде може да се изнајми и врати велосипед во Лондон, Њујорк и Париз.

За да биде конкурентен и побрзо да може ги надградува мапите, Apple користи дронови со кои побрзо се собираат податоци отколку со возилао снабдено со камера. Засега мапата со полначи за електрични возила е достапна во В.Британија, и од вкупно 4.400 станици на мапите се означени 3.000

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK