Користи Google Maps за да не го загубиш возилото

ОБЈАВЕНО НА:

Ако ја користите апликацијата на Google Maps сега истата ќе биде уште покорисна. Новата надградена апликација на Google Maps за Андроид и iOS има една голема новина што многу ќе им се допадне на возачите. Со нејзе може на мапата да означите каде сте го паркирале возилото и така полесно да го пронајдете автомобилот.

Сѐ што треба да направите е кога ќе го оставите автомобилот е да кликнете на опцијата „save your parking“ на мапата и ќе се прикаже локацијата.

Покрај тоа може да си оставите и белешка како да дојдете до автомобилот доколку сте се паркирале во крај што воопшто не го познавате.
Новата опција овозможува и локацијата на паркираниот автомобил да ја испратите на некој свој пријател, но и потсетник до кога го имате платено паркингот, ако тоа ви е потребно.

За да ја активирате оваа опција треба да ја симнете најновата верзија на апликацијата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK