Користењето на сателитска навигација може да биде опасна по здравјето

ОБЈАВЕНО НА:

Сателитската навигација и уредите за GPS станаа дел од секојдневието и неоходна помош при патување, но нивната континуирана употреба се чини станува опасна по здравјето. Научни истражувања потврдуваат дека овие помагала се штетни за нашата способност да памтиме.

Научниците од Универзитетот во Нотингам открија дека лицата кои користат уреди за навигација не можат да се потсетат каде точно биле и по кој пат стигнале до посакуваната дестинација.

Според резултатите од истражувањето, половина од лицата кои учествувале во тестовите, додека користеле навигација се исклучуваат и не ги забележуваат патните сигнализации, како и околните знаменитости.

Научниците потврдуваат дека мозокот е способен да развива „ментални мапи“ на места и со вежби, односно кога лицето не се користи навигациски уреди, се забележува подобрување на неговите мемориски вештини. Всушност, со користење на GPS уредите се губи способноста за ментални мапи и се нарушува памтењето во споредба со лица оние кои не користат навигација.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK