Корисник сте на Вип: Еве како да купете билет во автобус со мобилка

ОБЈАВЕНО НА:

Мобилниот оператор Вип воведе услуга за постпејд корисниците со која автобускиот билет може да го платат преку мобилен телефон. Новата услуга е бесплатна, а за да се активира корисникот треба да испрати СМС со текст „START“ на бројот 14 11 14. Како потврда за успешната активација на услугата корисникот ќе добие SMS-порака.

„Со оваа услуга купувањето билет е многу едноставно. Откако корисникот ќе ја активира услугата, ова се чекорите за купување билет со мобилен: корисникот прво ќе го избере бројот 185 и потоа треба да го приближи телефонот до апаратот (валидаторот) во автобусот. Апаратот го регистрира корисникот и при успешно купување корисникот добива звучна и светлосна сигнализација од валидаторот. Корисникот добива и SMS-порака како потврда за успешно купување на билетот. Корисникот потребно е да ја зачува SMS-пораката до крајот на возењето“, се вели во соопштението од Вип.

Цената на дневниот билет за едно возење е 40 денари, а на ноќниот билет е 50 денари. Максималниот месечен износ кој корисникот на Вип може да го потроши за купување билети од мобилниот телефон е 1 800 денари.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK