Концептот на Italdesign и Airbus е решение за сообраќајниот метеж

ОБЈАВЕНО НА:

Italdesign и Airbus на саемот во Женева понудија можно футуристичко решение за надминување на сообраќајниот метеж со концептот Pop.Up. Концепното возило се состои од патничка капсула која може да се опреми со електрични модули за транспорт во воздух и на земја. Концептот Pop.Up е автономно возило кое по потреба се трансформира во дрон за транспорт во воздух.

Pop.Up системот вклучува и платформа со вештачка интелигенција, кој ќе го управува системот.
Според Матиас Томсен, генералниот менаџер за урбана воздушна мобилност во Airbus, Pop.Up сега е концепт, но за само 7 до 10 години ќе биде комерцијално достапен за потрошувачите.


„До крајот на годинава ќе ја имаме првата демонстрација за тоа како ќе изгледа летот со Pop.Up, и ова е возможно зашто потребната технологија ни е достапна“, вели Томсен и дополни дека она што претстои е да се привикне јавноста на идејата за полетување, како и измени во регулативата за да одговори на најновите технолошки достигнувања.
„Полетувањето во воздух за мене и за многу други ќе биде интересно и возбудливо, но за мнозинството ќе биде новина и че мораме да работиме на тоа да добијат претстава како ќе биде“, вели Томсен.

И на копно и во воздух, максималната брзина на Pop.Up ќе биде 100 км/час, а со еден резервоар може да помине 100 километри во воздух или 130 км како автомобил.
Italdesign , со седиште во Турин е основана во 1968 година од Џиорџето Џигиаро и Алдо Мантовани, но денеска е дел од групацијата на Audi.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK