На жените во Саудиска Арабија ќе им биде дозволено да возат во државата од 24 јуни, со што ќе заврши децениската забрана на жените да управуваат со возило во оваа земја. Директорот на генералниот сектор за сообраќај, генерал Мохамед Басами, го објави соопштението во вторникот, околу осум месеци по објавувањето на планот.
Владата вели дека сите жени на возраст од 18 години и постари ќе можат да аплицираат за возачка дозвола. Во пет градови низ цела Саудиска Арабија беа отворени неколку училишта за жени. Саудиски жени со меѓународни возачки дозволи ќе ја подучуваат генерацијата на жени возачи, се вели во извештаите на “Gulf New”.
Жените со дозволи добиени во странство ќе можат да аплицираат за саудиска лиценца преку посебен процес.
Човекот што стои зад укинувањето на забраната е 32-годишниот принц Мохамед Бин Салман, а оваа реформа е само дел од неговиот притисок да го отвори конзервативното кралство за светот, да ја зајакне својата економија и да ја намали зависноста на нацијата од нафтата.
Според реформата на Принцот , тој сака да види жени со околу една третина од работната сила во споредба со сегашните 22 отсто. Тој смета дека жените може да бидат охрабрени да почнат да работат ако можат да се возат наместо да бидат принудени да ангажираат возач.