Конечно слободна трговија: Се укинува царината за јапонските возила во Европа!

ОБЈАВЕНО НА:

Европската унија и Јапонија ги надминаа разликите и постигнаа прелиминарен политички договор, отворајќи го патот за договор за слободна трговија на кој што веќе неколку години работат.

Споменатите разлики се фокусираа на извозот на автомобилите, делови за автомобили и земјоделски производи. Според договор сега ЕУ ќе ја намали увозната давачка од 10 отсто за јапонските автомобили, додека Јапонија го проширува пристапот до европските земјоделски стоки, објави Блумберг.

Новиот договор ќе стане најголем спогодба за слободна трговија на ЕУ, бидејќи унијата се обидува да ги зголеми своите квалификации за отворен пазар, во пресрет на потегот на Доналд Трамп да го оспори глобалниот трговски поредок. Аналитичарите велат дека овој нов договор за слободна трговија е директен одговор на Трамп кој се повлече од Транс- Пацифичкиот трговски договор во јануари.

Новиот договор ќе елиминира 99 проценти од денешните тарифи кога ќе биде целосно применет, според официјален претставник кој побарал да остане неименуван бидејќи постапката е приватна. Јапонските производители на автомобили во неколку наврати ги изразија своите жалби до нивната влада поради тоа што немаат трговски договор со ЕУ, велејќи дека тие губат за сметка на компаниите од Јужна Кореја кои веќе уживаат трговски договор со Европа.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK