По неколку годишна пауза, Citroen повторно во европската понуда добива голем фамилијарен седан, пренесува AutoExpress. Британскиот магазин ја пренесува изјавата на Линда Џексон која потенцираше дека “За кредибилен светски бренд потребно е да имаме широка понуда на мали, средни, големи и SUV возила”.
Потпирајќи се на доверливи извори од PSA Групацијата, AutoExpress открива дека инжинерите во овој производител веќе работат на развојот на новиот модел кој се очекува премиерно да биде претставен во текот на 2021 година.
Последен модел во понудата од овој сегмент Citroen имаше до 2017 година кога во понудата беше втората генерација од моделот C5. Овој модел и ден денес се уште се произведува во фабриката на Dongfeng-PSA во кинескиот град Вуан. Токму и во оваа земја овој модел е сеуште присутен, но поради застарената технологија продажбата не е на задоволително ниво.
Во моментов нема официјални рендери за изгледот на новиот модел, а недостатокот на визуелни докази и официјални технички карактеристики остава простор за бројни шпекулации.
Така останува да се види дали новиот модел ќе се позиционира во ист сегмент како и C5 или сепак би го заземал местото на моделот C6 кој во fastback изведба се произведуваше и прдоаваше во периодот од 2005 до 2012 година.