Конечно ридска трка на Водно!

ОБЈАВЕНО НА:

По неколку годишна пауза и кавги меѓу клубовите и раководството на Афромобилистичката федерација на Македонија, конечно ќе гледаме ридска трка на Водно. Интересно е што е распишана објава за одржување на трка, а неколку години нема одржано првенство на Македонија, ниту пак сега е објавен календарот на трките што ќе се возат и колку е минимум потребно за прогласување на прваци.

Барем во моментов постои распишан конкурс за пријавување на возачи кои би настапувале. трката е дел од Првенството на Македонија во организација на АФМ. Истата би требало да се одржи на 7 мај на патеката Водно, со старт кај стариот хотел Панорама, па до Средно водно.

Последен пат Водно беше домаќин на ридска трка во 2014 година кога победи Јован Аќимиќ во конкуренција на 20 возачи кои ја завршија трката.
Во меѓувреме поради недоразбирања на раководството на федерацијата и поголем дел од клубовите, имаше суспезија, а работата дојде и до ФИА во Париз. Но, решение нема, а надлежните институции во Македонија одговорни за спорт воопшто не реагираа, па остана статус кво.
Многу од нашите тркачи кои имаа автомобили и се уште желба за тркање, настапуваат во соседните земји. Некои дури и со лиценца на други држави.

На сајот на АФМ нема календар на трки, нема ниту информација за новата сезона што се најавува.

Пријавувањето за трката е до 29 април, а на 4 мај ќе биде објавена и листата на учесници.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK