Владимир Путин на инаугарацијата за претседател на Русија за прв пат во јавност го покажа новиот службен автомобил. Автомобилот наречен “Кортеж” е во целост блиндирано возило кое е отпорно на големи надворешни влијанија. Располага со 12 цилиндрен турбо мотор со 850 КС, а возилото во целост е создадено од руски инжинери.
Надворешноста, особено предниот дел наликуван на Rolls Royce, додека во внатрешноста доминира луксузот, комбинација од премиум кожа и првокласно преработено дрво. Секако тука се наоѓа и најнапредната технологија што овозможува овој Кортеж да биде движечка путинова канцеларија од која Претседателот може да ги носи најважните команди во случај на воена инвазија врз Русија.
https://www.youtube.com/watch?v=2u24P7AinDk
Инаку проектот за нова претседателска лимузина започна уште во 2012 година, а како инспирација за оовј автомобил е поранешната претседателска лимузина од ерата на Советскиот Сојуз, A ZIL-41047.










