Конечно избран нов претседател: Виктор Давидовски ќе го води АФМ

ОБЈАВЕНО НА:

Осумгодишната агонија во автомобилистичката федерација на Македонија (АФМ) конечно заврши и избран е нов претседател што треба да ги обедини сите клубови и авто спортот во Македонија да тргне по добра патека. За нов претседател на АФМ е избран Виктор Давидовски, а генерален секретар е Александар Димушевски.

За само 34 минути деветте клубови присутни на Вонредното Собрание на АФМ што се одржа денеска ги избраа новите раководни тела и најавија подобри денови за овој спорт во Македонија.

Од вкупно 16 активни клубови во Македонија, девет беа присутни на Собранието, а имаше и претставник од Агенцијата за малди и спорт кој го следеше изборот на новите раководни тела.
Долги години имаше недоразбирања во АФМ и барања за промени, но тоа не наидуваше на разбирање кај сегашното раководство. Работата стигна и до суд и повеќе пресуди во корист на клубовите кои се сега дел од новото раководство.

Долги години нема одржување на првенства во Македонија и дел од возачите настапуваа надвор од земјата со лиценци од странски земји.

Првичниот предлог за претседател на АФМ беше Кристијан Дума, но тој се заблагодари на понудата, и побара друг да го заземе то аместо со оглед на неговите нови ангажмани, но вети дека ќе остане како голем помагател на спортот.

Избран беше и нов УП на АФМ од 13 членови, од што покрај претседател има уште двајца ќленови како него впредлог и уште 10 членови од клубовите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK