Одличните продажни резултати во третиот квартал годинава си го направи своето, акциите на Tesla забележаа значителен раст.
Веднаш по објавувањето на рекордната испорака како и значителното намалување на трошоците со што се подобри крајниот финансиски перформанс, акциите на компанијата пораснаа за речиси 21% искачувајќи се на 307,12 американски долари.
Со ова втор пат годинава е надмината цената од 300 долари од акција откако претходно тоа се случи на почетокот на март годинава.
Големо влијание врз порастот имаше и информацијата дека Tesla ги доби потребните сертификати за отпочнување на производството во Кина како и државната помош.