По повеќегодишна пауза во Македонија конечно треба да се организираат автомобилски трки, на ридски и кружни патеки. Новиот календар предвидува вкупно осум тркачки викенди до крајот на годината. По четири ќе бидат на ридски, и исто толку на кружни патеки.
Сезоната се отвора на почетокот на јуни со познатата ридско – брзинска трка на Водно. Истиот месец ќе се вози и втора трка на ридски патеки, но во Кочани. Тој натпревар ќе се бодува и за ЦЕЗ што е првпат на таа патека. Крушево и Водно по двапати ќе бидат домаќини, а Водно треба да ги донесе и новите прваци, бидејќи таму ќе се вози последната трка сезонава.
На кружни патеки предвидени се исто така четири трки, по две во Скопје и во Кичево. Последната трка во Скопје ќе се вози на почетокот на октомври кога ќе бидат промовирани и шампионите во оваа категорија.
Покрај домашното првенство, за првпат ќе имаме и двајца домашни тркачи што ќе се натпреваруваат надвор од Македонија, во европскиот ТЦР шампионат. Игор Стефановски ќе се натпреварува со Hyundai i30 N TCR додека Виктор Давидовски ќе вози Honda TCR.
Календар на трки за 2018
Ридско-брзински трки
2-3 јуни – Водно
23-24 јуни – Кочани (ЦЕЗ)
4-5 август – Крушево
10-11 ноември – Водно
Кружни трки
14-15 јули – Кичево
1-2 септември – Кичево
15-16 септември – Скопје
6-7 октомври – Скопје (ЦЕЗ)