Prevent Group, компанија од Босна и Херцеговина доби судски спор против Volkswagen Групацијата.
Оваа компанија долго време беше добавувач на Audi, Seat и Volkswagen. Преку својата компанија TWB испорача повеќе од 2 милиони структури за седишта, но VW еднострано го раскина овој договор.
Поради тоа оваа компанија отвори судски спор во судот во Дизелдорф кој донесе пресуда дека германскиот производител еднострано и спротивно на законот го раскинал договорот за испорака. Судот при тоа го задолжи германскиот производител да ја обештети босанската компанија.
Инаку оваа компанија е основана во 1952 година во Словенија, а денес глобалното седиште се наоѓа во Сараево. Покрај во Босна и Херцеговина и Словенија, има бизнис активности и во Австрија, Хрватска,Германија како и земјите од Јужна Америка.
Нема информација колкаво е обештеувањето, но со оглед на тоа што судот е во Дизелдорф и сумата што би ја добиле Босанците веројатно е повеќе од задоволителна за нив.