Кога се купува автомобил едно од прашањата што им се поставуваат на продавачите е: „а колку попуст може да добиеме“.
И тоа е сосема во ред. Секој сака да плати помалку, а да добие повеќе. Но, понекогаш и продавачите се ограничени, бидејќи тие треба да заработат за себе, а секако дел од продажбата оди и кај производителот.
Денес се водат најразлични статистики и анализи за најразлични работи поврзани со автомобилите и автомобилската индустрија кои се во поголема или помала мера интересни. Една од нив е анализата за тоа колку автомобилските производители заработуваат од еден продаден автомобил.
Според анализата на B&D Forecast спроведена врз основа на продажните цени во Германија, најмногу заработува Porsche и тоа 22.674 евра од продаден автомобил. Ова претставува пад споредбено со 2007 година кога овој германски производител заработувал 24.925 евра од продаден автомобил.
BMW од продаден автомобил заработува 2.574 евра што е пад од безмалку 3 илјади евра споредбено со пред 13 години. Toyota заработува 1.751 евро, Audi 1.643 евра додека пак Mercedes и Volkswagen под илјада евра т.е. 736 и 334 евра
Заработката на останатите производители е прикажана во продолжение:
Honda – 319 евра
Citroen – 500 евра
Chrysler – 1.579 евра
Renault – 241 евра
Ford – 967 евра
Skoda – 758 евра
Seat – 364 евра
Peugeot – 510 евра
Па сега сигурно имате претстава колку попуст можете да добиете.