Колку трае батеријата на хибридните возила?

ОБЈАВЕНО НА:

Едно од клучните прашања кај хибридните автомобили е она за траењето на батеријата. Колку е нејзиниот работен век?

Од Toyota тврдат дека на Prius таа трае од 150.000 до 230.000 километри. Секако, ова може да делува како паушална проценка, но подобро од тоа не може да биде. Сè зависи од начинот и условите на возење, циклусите за полнење и празнење на батеријата, временските услови во кои се вози и многу други параметри.

Сепак, ова ќе биде добар показател, особено доколку се планира купување на користен хибриден автомобил. Инвестицијата во батеријата е прилично финански голема и нејзината цена е до 2.000 евра зависно од моделот.

Како да се забележи дека батеријата гги губи перформансите? Соппоред многумина тоа може да се направи според брзото празнење, големата потрошувачка на горивото и слабите забрзувања.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK