Колку сообраќајни незгоди се имаат случено во Македонија во последните 10 години?

ОБЈАВЕНО НА:

Вкупно 103 илјади сообраќајни незгоди се имаат случено во Република Македонија во последните 10 години. Во просек, годишно се случуваат 10,3 илјади незгоди, покажуваат официјалните податоци на Министерството за Внатрешни работи, објавени во публикацијата на Бирото за јавна безбедност при МВР.

Најголем број незгоди се случени во 2010 година – 12.253 незгоди, а најмалку во 2019 година – 8.248 незгоди.

Околу 40 илјади незгоди, се со потешки последици, а останатите 62% се со материјална штета. Најмногу повредени лица имало во 2011 година, 4.314 лица. Доколку се земат во предвид последните три години, може да се заклучи дека има тренд на континуирано намалување на сообраќајните незгоди со повредени лица.

Трендот на загинати е четиригодишен и започнува во 2016 година кога загинале 150 лица. Најмногу сообраќајни незгоди со загинати лица имало во 2013 година, вкупно 170 лица.

Најголем дел од сообраќајните незгоди се имаат случено на териториајта на СВР Скопје, 16.704 незгоди. Но доколку се анализира секоја година одделно, тогаш во Скопје во 2019 година имало најмалку сообраќајни незгоди.

 

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK