петок, 26 февруари, 2026 година

Истражување: Колку се пцуе зад воланот?

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Нервозни возачи, сообраќаен метеж, брзање, несовесни пешаци и други учесници во сообраќајот се доволни да го загубите трпението. А тогаш најчесто притискаме на „свирката“ и упатуваме серија сочни зборови.

Колку всушност пцујат возачите? Возачите користат непристојни зборови во просек на секои 4 километри, според истражувањето направено на 2.000 британски возачи.

- Advertisement -

Од нив 9 од 10 возачи кои учествувале во анкетата, признаваат дека пцујат зад управувачот. Дури 61% од нив велат дека се обидуваат да го ограничат користењето на лоши зборови ако во возилото има дете користејќи поцивилизирана верзија на пцовките, пишува Independent.

Британскиот возач користи 41 пцивка на секои 100 милји (160 километри). А 46 % од испитаниците рекле дека не зборуваат премногу грубо, а 39% изјавиле дека им е жал за упатените епитети кон колегите на патот.

Пцовки најчесто се користат за пешаци кои не ги гледаат премините, и возачи кои се престројуваат без користење трепкачи, пишуваат пораки на телефонот додека возат, или возат премногу бавно.

Среќа што истражување нема направено во Македонија. Бројките сигурно би биле поразителни за нашата сообраќајна култура.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја