Се очекува годинава Renault-Nissan алијансата да стане најголем светски производител, а тоа го покажуваат и резултатите после првите шест месеци. Ваквото превидување делумно доаѓа по заедничките вложувања на компанијата во Кина и Јужна Америка, и поради претходното превземање на Mitsubishi.
Според полугодишните резултати сѐ уште на прво место се наоѓа Volkswagen групацијата. Барем засега. Остануваат уште шест месеци пред да се види дали ќе има смена на првото место.
Сегашните резултати што се објавуваат за базираат после првите шест месеци од 2017 година.
1. Volswagen Group – 5.092.247 возила
2. Renault-Nissan – 4.650.954
3. Toyota – 4.647.521
4. General Motors – 3.878.426
5. Ford – 3.092.299
6. Hyundai -Kia – 3.014.112
7. Honda – 2.509.365
8. FCA – 2.415.485
9. PSA – 1.957.180
10. Daimler – 1.340.597