Какви се казните ако возите пијан: Колку повеќе промили во крвта – толку повисока казна

ОБЈАВЕНО НА:

Полицијата последниве месеци врши честа контрола на патиштата и улиците, а први на удар се оние што возат над пропишаната брзина, и оние то сакаат да си пивнат, а потоа да возат. Во Македонија дозволеното ниво на алкохол во крвта е 0,5 промили. А се што е над оваа граница значи и казна. А таа е утврдена врз основа на тоа колку промили имате во крвта.

Ако веќе решите да пиете немојте да возите. Или ако сакате, можете да си побарате ваучер од кафеаната во која сте седнати, па за 100 денари да ве вратат дома. Така ќе избегнете парична казна, па дури и времена забрана за управување на возило.

Возачот не смее да управува со возило во сообраќајот на патот, ниту да започне да управува со возило ако е под дејство на алкохол. Ако полицијата утврди повеќе промили од дозволеното следува казна.

А казните се следни.

»Глоба во износ од 225 евра во денарска противвредност односно 40 негативни бода на возачот кај кој ќе се утврди содржина на алкохол во крвта од 0,51 г/кг. до 1,00 г/кг. Покрај утврдениот износ на глоба на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило од три до шест месеци, под услови и начин утврдени со закон.

»Глоба во износ од 275 евра во денарска противвредност односно ќе му се регистрираат 50 негативни бода, на возачот кај кој ќе се утврди содржина на алкохол во крвта од 1,01 г/кг до 1,50 г/кг. Покрај утврдениот износ на глоба на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило од шест до девет месеца под услови и начин утврдени со закон.

»Глоба во износ од 325 евра во денарска противвредност односно ќе му се регистрираат 55 негативни бода , на возачот кај кој ќе се утврди содржина на алкохол во крвта од 1,51 г/кг до 2,00 г/кг. Покрај утврдениот износ на глоба на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило од девет до 12 месеца, под услови и начин утврдени со закон.

»Глоба во износ од 375 евра во денарска противвредност односно ќе му се регистрираат 60 негативни бода на возачот кај кој ќе се утврди содржина на алкохол во крвта од 2,01 г/кг и повеќе. Покрај утврдениот износ на глоба на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило од 12 месеца, под услови и начин утврдени со закон.

»Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на возач , каде што при утврдување на алкохол во организмот одбие да биде алкотестиран со соодветно средство или апарат за мерење на алкохолизираноста (алкомер). Покрај утврденот износ на глобата, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило од 12 месеца, под услови и на начин утврдени со закон.

Ако и покрај ова решите да возите во алкохолизирана состојба, тогаш спремете го паричникот.

https://24auto.mk/magazin/soveti/kolku-vreme-e-potrebno-za-treznene-za-da-mozhe-da-vozite-avtomobil/

Следете не и на:

24AUTO NETWORK