Колку плата земале раководните лица на FCA минатата година?

ОБЈАВЕНО НА:

Набрзо по завршување на деловната 2020 година италијанските медиуми ги објавија платите на раководните лица на Fiat Chrysler Automobili (FCA), денес Stellantis.

Дека во автомобилската индустрија се вртат огромни пари покажуваат и финансиските извештаи на компаниите, а на толкав профит, најмногу профитираат првите луѓе на компаниите, покрај акционерите. Така Мај Менли, првиот човек на FCA минатата година на основ на плата инкасирал 11,73 милиони евра. Дополнително, во вид на бонус добил 1,22 милиони евра.

Џон Елкан кој е внук на Џовани Ањели, а со тоа и акционер во FCA, Ferrari, CNH Industrial и Јувентус, како дел од највисокото раководство на FCA минатата година остварил приходи по основ на плата од 2,39 милиони евра.

Финансискиот директор Ричард Палмер заработил 1,15 милион евра како и дополнителни 3,30 милиони евра како бонус. Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели кој е дел од надозрниот одбор на FCA, добил скромни 45.888 евра како надоместок за неговата улога во FCA.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK