Колку нови автомобили се продаваат на Балканот?

ОБЈАВЕНО НА:

Над еден милион нови автомобили се продаваат во земјите на Балканскиот Полуостров, но дали знаете во кои земји најмногу?

Земајќи ги во предвид сите Балкански земји, вклучувајќи ги тука и Турција и Романија, најмногу нови автомобили на годишно ниво се продаваат токму во овие земји.

Според последните официјални податоци, во Турција минатата година се продадени 479.062 нови автомобили, што е убедливо најмногу во споредба со било која останата земја.

Во Романија се продадени 161.562 нови автомобили со што оваа земја е втора на листата, пред Грција, каде се продадени 114.110 нови автомобили, односно Словенија со продадени 73.211.

Во Хрватска се продадени 62.975 автомобили, следи Бугарија со 35.371 и Србија со 28.650 автомобили.

Во Македонија се продадени 4.250 нови автомобили што е помалку од Босна и Херцеговина каде се продадени 12.300, но е повеќе од Албанија, Косово и Црна Гора.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK