Колку моторот ја губи моќта со годините? (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Skoda Octavia 1.9 TDI со поминати 700.000 километри се најде во главна улога во тестирање на моќта за да може да се утврди колку точно „коњски сили“ снемува со годините на користење на возилото.

Кога пред дваесетина години возилото искочило од фабриката развивало 90 коњски сили, но девет години подоцна сопственикот одлучил да ја засили со chiptuning. Компанијата која го одработила репрограмирањето ECU тврдеше дека моторот станал помоќен и развива 112 коњски сили.

Мерењето на моќта на валјаците покажало неверојатен резултат. После речиси 700.000 поминати километри моќта на моторот изнесувала 106,8 коњски сили односно само пет коњски сили помалку. Сепак, фансцинантен е податокот дека и покрај толку големата количина на поминати километри и покрај тоа што моторот е засилен со chiptuning, турбо полначот уште е потполно исправен, како и издувниот систем.

Значи не важи правилото дека колку е постаро возилото толку повеќе губи на сила.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK