Формула 1 е еден од спортовите каде возачите многу често или речиси редовно, барем оние од врвните тимови, па и оние од „златната средина“ заработуваат милионски суми. И тоа е само нивната основна плата, без дополнителните премии или спонзорски договори што ги потпишуваат.
Сезонава Луис Хамилтон собори рекорди на Михаел Шумахер со што Британецот влезе во историјата на Ф1. По бројот на гран при победи е на првото место во историјата на Ф1, а ја освои и седмата светск атитула со што се израмни со Шумахер.
Сигурно се прашувате колку заработуваат возачите во Ф1? Тоа се милионски суми.
Не е изненадување што Луис Хамилтон е на врвот на ранг-листата. Тој ќе добие 47 милиони евра за својата работа оваа сезона, што е само износот на основната плата, без додатоци и средства за спонзорство.
Втор најплатен тркач е Себастијан Фетел со 35 милиони и трет е Даниел Рикиардо со 20 милиони. На четвртото место е младиот Макс Верстапен, кој ќе заработи 16 милиони евра основна плата.
Најслабо платен тркач во Формула 1 оваа година е Антонио Џовинаци, кој ќе заработи едвај половина милион евра. Данил Квјат, Џорџ Расел и Николас Латифи исто така се под границата од 1 милион евра, а секоја година доби по 750.000 евра. Единствените што не се „милионери“.
Листата на заработувачка е следна:
Луис Хамилтон (Мерцедес): 47 милиони евра
Себастијан Фетел (Ферари): 35 милиони евра
Даниел Рикиардо (Рено): 20 милиони евра
Макс Верстапен (Ред Бул): 16 милиони евра
Валтери Ботас (Мерцедес): 9 милиони евра
Шарл Леклерк (Ферари): 9 милиони евра
Кими Раиконен (Алфа Ромео): 6 милиони евра
Карлос Саинц (Мекларен): 4,5 милиони евра
Серхио Перез (Рејсинг Поинт): 4 милиони евра
Естебан Окон (Рено): 4 милиони евра
Ромен Грожан (Хас): 2 милиони евра
Кевин Магнусен (Хас): 2 милиони евра
Алекс Албон (Ред Бул): 2 милиони евра
Ландо Норис (Мекларен): 1,5 милиони евра
Ленс Строл (Рејсинг Поинт): 1,5 милиони евра
Пјер Гасли (Алфа Таури): 1 милион евра
Даниел Квјат (Алфа Таури): 750.000 евра
Џорџ Расел (Вилијамс): 750 000 евра
Николас Латифи (Вилијамс): 750 000 евра
Антонио Џовинаци (Алфа Ромео): 500 000 евра