Колку Ф1-тимовите ќе платат за да возат во 2018 година

ОБЈАВЕНО НА:

Тимовите коишто се на списокот за тркање за 2018 година ќе мора добро да платат доколку сакаат да се најдат на патеките. Вкупната сума е различна, а до неа се доаѓа според формула која што е присутна веќе неколку години.

Од 2013 година наваму секој тим треба да плати основна сума од 516.128 долари, како и дополнителна сума која се одредува според бројот на освоени поени во текот на претходната сезона.

На пример секој освоен поен кај конструкторите за тимот на Мерцедес ќе чини 6194 долари, додека другите тимови ќе треба за секој поен да платат по 5161 долар.
Инаку, Мерцедес имаше нешто полоша сезона во 2017 година од почетокот на доминацијата во 2014 година, па освоија најмалку бодови во споредба со претходните годии. Завршија со 668 поени, а тоа значи дека ќе имаат и најмала такса за следната сезона и ќе имаат пола милион помалку од лани.

Вкупната сума која сите тимови ќе ја уплатат во ФИА е 16.276.544 долари.

ЛИСТА НА ТИМОВИ И СУМИ КОИ ЌЕ БИДАТ УПЛАТЕНИ
МЕРЦЕДЕС – 4.654.720$ (5.254.538$).
ФЕРАРИ – 3.210.170$ (2.570.206$)
РЕД БУЛ – 2.415.376$ (2.931.476$)
ФОРС ИНДИЈА – 1.481.235$ (1.408.981$)
ВИЛИЈАМС – 944.491$ (1.228.346$).
РЕНО – 810.305$ (557.416$)
ТОРО РОСО – 789.661$ (841.271$)
ХАС – 758.695$ (665.797$)
МЕКЛАРЕН – 670.958$ (908.364$)
ЗАУБЕР – 541.933$ (526.450$)
ВКУПНО – 16.276.544$ (16.889.805$)
* Во заграда се сумите платени за претходната година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK