Колку чинат батериите на електричните автомобили?

ОБЈАВЕНО НА:

Електричните автомобили стануваат се повеќе и повеќе популарни. Трендот на развој секојдненво се зголемува, но скептицизмот околу истите сеуште е голем, покажуваат последните истражувања.

За тоа има и причина, а покрај недокажаноста на бенефициите, контра популаризацијата на електричните автомобили се и трошоците за одржување на истите, особено батериите.

Најголем проблем според AutoBild кој се однесува на електричните автомобили е трошокот за батерии. Иако гаранцијата е од осум години, доколку сакате да смените батерија ќе треба да издвоите средства и до 73% од цената односно вредноста на автомобилот.

На пример, батеријата на Jaguar I-Pace чини 32.450 евра, а цената на нов автомобил чини 79.450 евра. Батеријата која се користи кај Hyundai Kona и Hyundai Ioniq чини 34.600 евра додека цената на батеријата која се користи кај Peugeot iON изнесува 16 илјади евра. Тоа е и над 50% од продажната цена на автомобилот.

Сето ова влијае негативно врз популаризацијата на електричните автомобили, а како тргнале работите на овие простори уште долго ќе се возат оние традиционални автомобили.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK