Пиво, колбаси, Баерн Минхен, Volkswagen, Audi и Mercedes. На оваа листа за да биде комплетна недостасуваат и автопатите без ограничување на движењето. Да, тоа е она по што е Германија препознатлива надалеку.
Токму голем интерес предизвикуваат овие автопати на кои би сакал да вози секој фанатик на автомобилизмот. Но колку на нив возат Германците?
Во истражувањето кое го спроведе Autoscout24, а во кое беа опфатени нешто над илјада испитаници донесени се неколку заклучоци околу тоа колку брзо возат Германците.
Најголем дел од испитаниците-возачи се изјасниле дека имаат забрзано до 194 км/ч. Секој трет возач возел 220 км/ч, а 15% од испитаниците-возачи се изјасниле дека возеле 240 км/ч и повеќе. Само 5% возеле максимум 130 км/ч или помалку од тоа.
Кога имаш добри возила и добри патишта лесно ти се притиска на педалот за гаста.