Брзото возење во рикверц не е практично, но може да биде опасно. Сепак, има едно многу важно прашање, а тоа е колку автомобилот може да оди брзо во рикверц?
Во теорија, брзината на некој автомобил, кој оди во рикверц би требала да биде идентична на оној кој може да оди кон напред бидејќи моторот работи со иста брзина без оглед на правецот.
Сепак, автомобилот има повеќе брзини за движење напред и само една за во рикверц. Што уште е важно тука?
1.Суспензија
Таа го спречува возачот да вози премногу брзо во рикверц. Кога тоа ќе се поврзе со фактот дека возите гледајќи преку рамо, се случуваат проблеми бидејќи така е тешко да се вози во правец. Со самото тоа автомобилот не може да вози брзо во рикверц.
2.Менувач
Доколку вашиот автомобил има автоматски менувач, тој автоматски ќе се префрли во поголема брзина кога ќе додадете на гаста. Сепак, со само една брзина за рикверц со која автомобилот може да работи, потребно е да се одржува специфична брзина за да може да оди назад без проблеми.
3.Проблеми со возење во рикверц
Произведувачите на автомобили не прават возила со идеја дека постојат возачи кои сакаат да возат во рикверц со полна брзина. Рикверцот на автомобилот дава доволно сила при ниски брзини да се тргнува од мирување.
Доколку подолго возите во риквер, тогаш ќе го оптоварите менувачот, а тоа не е добра одлука. Со самото тоа никогаш не е добра идеја да се обидете да дознаете колку брзо вашиот автомобил навистина може да оди во рикверц.