Колку би чинеле денес новите Лaдa, Мocквич, ЗAЗ и Вoлгa?

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилите кои некогаш беа на цена на светскиот пазар, денес се сметаат како класици, но и понатаму го привлекуваат вниманието.

Интересен е еден момент кој беше разгледан, а тоа е колку тие би чинеле денес на пазарот. Сепак, од целата ситуација има и еден интересен заклучок кој вели дека може да се дојде до фактот дека и покрај својата едноставност (дури и за стандардите на тоа време) тие не биле сосема евтини.

Затоа можете во продолжение да видите како најпопуларните светски автомобили на поранешното време би изгледале денес.

ЗAЗ-968

Кон средината на 70-тите години ЗAЗ чинел 3.500 рубљи, a во 1979 година цената била 5.000 рубљи. Ако се земе средната сума од 4.000 рубљи, тогаш за купувањето на овој автомобил жителите на поранешните републики од СССР би требало да издвојат 31 плата. Според пресметаното, сега ЗАЗ би чинел 14.000 евра.

Мocквич 412

Овој автомобил чинел 5.000 рубљи односно за него биле потребни 38 плати. На тој начин трошоците за него би биле 17.600 евра.

ВAЗ 21011

Популарното „Жигули“ во времето на CCCР чинеше 6.000 рубљи, што е 46 просечни плати. Според тоа се добива сума, претворена во современи финансии, околу 21.000 евра.

ВAЗ 2103

Оваа Лaдa се продавапе во CCCР зa 7.500 рубљи, а роа е рамно на 57 плати. Тоа значи дека денес нејзината цена би била 26.500 eвра.

ГAЗ 24

Автомобилот кој беше сон на секој советски жител, Волга во тоа време често имаше цени кои многу „скокаа“. Сепак, средната сума која требаше да се плати иснезуваше 10.000 рубљи, што значи дека за набавката беа неопходни 77 плати. Денес тоа би била сума од 35.000 евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK