недела, 25 ноември, 2025 година

Колекција на Porsche возила каква досега не е видена (ФОТО/ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Таканаречената „Бела колекција“ на автомобили Porshe која се наоѓа на тајна локација, поради својата содржина, но и поради комплетниот дизајн на внатрешноста изгледа сосема нереално.

Фановите на Porsche, но и сите вистински вљубеници во возилата веројатно би останале без зборови поради една ваква глетка, не само што на едно место се наоѓа голема колекција на модели од сите епохи на германскиот производител, туку речиси сите од 65 изложени автомобили се во бела боја.

- Advertisement -

За доживувањето да биде целосно, внатрешноста на зградата во која возилата се наоѓаат исто така е бела.

Сопственикот на колекцијата барал да остане анонимен, а не е позната ниту локацијата на објектот во кој се чуваат овие специфични модели на Porsche, освен што веројатно се во прашање Соединетите Американски Држави.

Што се однесува до изложените експонати, тоа се автомобили од сите генерации, а доминираат оние од 911. Меѓу главните атракции се белото Porsche 959, хиперавтомобилот 918 Spyder, Carrera GT, но и неколку возила Porsche 356.

Автомобилите не се единствените кои ја прават оваа „Бела колекција“ специфична. На спрат на овој објект се сместени и историски предмети кои имаат врска со Porsche, како и оригиналната документација за автомобилот.

Во музејски услови се чуваат и оригинални промотивни постери, како и разни додатоци, како облека или патни торби со знакот на Porsche, а тука е и библиотека со книги за Porsche.

Колекцијата е збогатена дури и со велосипеди Porsche.

Сите овие работи можете да ги видите и во видеото во продолжение.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја