вторник, 25 декември, 2025 година

Која дополнителна опрема најмногу се порачува кај модерните возила

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Современите возила нудат голем број на удобности, а тоа веќе се нуди и во основните верзии. Сепак, листата која што ги става купувачите на искушение е долга, а со тоа и цената на автомобилот станува поголема. Кои опции ќе проголтаат најмногу пари усеа да дознае германската Creditplus Bank, која направи специјално проучување.

Клима уредот води убедливо кај најпосакуваните карактеристики иако долго време е дел од основната опрема на повеќето модели. При анкетата дали се подготвени да подигнат кредит за да платат за клима уред, дури 39 проценти од испитаниците одговориле позитивно.

- Advertisement -

На второ место по популарноста кај напорачуваните опции се електронските асистенти за безбедност. Дури 64 проценти од испитаниците даваат предност на автоматското запирање во екстремна ситуација, додека 61 процент се подготвени да доплатат за системот за следење на слепите зони.

Третото место е за системот за предупредување при замор на возачот. Вкупно 46 проценти од испитаниците сметаат дека овааа функција е многу важна, додека за cruise control гласале вкупно 42 проценти. Фановите на автоматизирано паркирање се застапени со 39 проценти.

На крајот на листата се загревањето и вентилацијата на седиштата. Парадоксот е дека и покрај сериозниот интерес кон современите електронски системи повеќето возачи се однесуваат скептично кон прогнозите за иднина на автономните возила за личен транспорт. Дури 62 проценти не веруваат дека автономните возила ќе почнат да се применуваат.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја