Бојата на автомобилот не е само прашање на стил – таа директно влијае на тоа колку ќе вреди возилото по неколку години користење. Иако некогаш автомобил с екупува и од он ашто го има на залиха, така може да се добие добра цена. Но, ако веќе треба да се почека и да се плати плус, тогаш сигурно ќе си одберете според вкусот или намената на возилото.
Според истражување на платформата iSeeCars, ретките и впечатливи бои како жолта, портокалова и зелена носат поголема вредност при препродажба, додека популарните нијанси како бела, црна и златна – најбрзо ја губат.
Во просек, автомобилот губи околу една третина од својата вредност по три години, но жолтата боја се покажа како најотпорна на амортизација. Причината? Едноставно – овие бои се ретки, па побарувачката е поголема од понудата.
Кога станува збор за пикапови и SUV модели – најбараните сегменти на пазарот во САД – портокаловата и зелената се издвојуваат како боите што најдобро ја задржуваат вредноста. Иако не се меѓу најчестите на патиштата, овие бои стануваат препознатливи за специфични теренски модели како Ford Raptor или Toyota Tacoma TRD Pro.
Кај семејните модели, како моноволумените, купувачите претпочитаат посмирени бои – сива, зелена, кафеава – кои носат повисока препродажна вредност во споредба со жолтата и портокаловата. Овие бои ретко се нудат за семејни возила, па дури и кога се достапни, не се првиот избор на купувачите.
Кај купеата и кабриолетите ситуацијата е сосема поинаква. Тука личниот израз и стил се важни, па боите како жолта и портокалова не само што се чести, туку и значително ја зголемуваат вредноста на возилото при препродажба. Наспроти нив, класичните бела, црна и сребрена – иако се елегантни – имаат полош резултат на пазарот за половни автомобили.
Истражувањето открива дека жолтата најдобро ја задржува вредноста во големите градови како Њујорк, Мајами и Лос Анџелес. Од друга страна, белата – најчеста боја во повеќето региони – е бојата што најбрзо губи на вредност, а во одредени случаи и црната се покажа уште полошо.









