Кој владее со светот и е најпродавано возило?

ОБЈАВЕНО НА:

На европскиот пазар долго време најпродавани се возилата на Volkswagen, и предничи моделот Golf, но во светски рамки Германецот е на третото место. Глобално, најпродавно возило во светот во првите осум месеци од годинава е Toyota Corolla.

Според податоците на аганцијата Focus2Move, Јапонците од овој модел во светот продале 828.757 возила, што е намалување за 5,9 отсто во однос на истиот период лани, но сепак доволно за задржување на лидерската позиција.
На второто место е Ford F-Series кој е продаден во 697.996 возила, и им апораст од 8,5 отсто. На третото место е VW Golf со пад од 8,5 отсто и продадени 573.957 возила.

Според податоците на Focus2Move најголем интерес кај купувачите од почетокот на годинава има за Honda Civic, каде се забележани 537.763 нови регистрации, и скок во побарувачката за 26,1 отсто.
Во првите десет најпродавани возила има три модели на Toyota. Покрај Corolla тука се уште и RAV4 на четветото место со 531.271 возило и Camry со 420.313 продадени возила.
Покрај Toyota во Топ-10 три возила има и Volkswagen, и тоа Golf, потоа Polo (448.435 возила) и Tiguan (439.163 возила). Порастот на побарувачката за Tiguan е најголема од најдобро продаваните десет модели, со пораст од 43,2 отсто.

Најсериозен раст во побарувачката на крајот на август има Geely Boyue (+ 324.7% до 167.619 возила), по што доаѓаат Buick Excelle (+ 182.4 % – 274.804), Mercedes GLC (+ 100% – 194.309 ), Hyundai Creta (+ 90,6% – 146,128), Jeep Compass (+ 62,7% – 161.799).

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK