Кој вели дизелот е мртов: Mazda ќе понуди 3,3 литарски мотор што ќе троши 4,9 литри

ОБЈАВЕНО НА:

Повеќето производители се откажуваат од дизелските мотори, но Mazda само што покажа детали од европската верзија на новиот 3,3 литарски V6 мотор за новиот CX-60 што ќе има ваков мотор. Со нејзе сака да покаже дека дизелот може да продолжи да опстојува, и да бид еподеднакво моќен и штедлив.

Новата модификација ќе биде лансирана на пазарот во јануари следната година, а најверојатно новиот агрегат ќе стане дел од портфолиото на уште еден нов автомобил што ќе биде пуштен во продажба следната година, а тоа е Mazda CX-80 што ќе биде со три ред седишта.

Новиот дизел мотор, кој прво ќе се вградува во модификацијата CX-60 e-Skyactiv D, во линија, шестцилиндричен, 3,3-литарски. Погонската единица ќе биде достапна во две верзии со моќност – 200 и 254 коњски сили, односно верзии со преден и i-Activ AWD погон на четири тркала, а достапниот максимален вртежен момент ќе достигне 550 Nm.

Двата деривати имаат блага хибридна помош од 48 V и дел од технологијата за согорување наречена Distribution-Controled Partially Premixed Compression што им помага да постигнат термичка ефикасност од над 40 проценти.

Од Mazda велат дека верзијата CX-60 e-Skyactiv D со 254 коњски сили ќе може да понуди забрзување од 0 до 100 км/ч. 7,4 секунди, максимална брзина од 219 км/ч. како и можност за патување на секои 100 километри со 5,3 литри гориво.

Во верзијата со 200 коњски сили, на CX-60 e-Skyactiv D ќе му требаат 4,9 литри гориво за да помине 100 километри.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK