Кој се сеќава на неа – Lada 1500 слави 45 години

ОБЈАВЕНО НА:

Најпрестижниот модел на АвтоВАЗ, седанот ВАЗ-2103 го слави 45 години во септември годинава. Во чест на овој настан, фанови на моделите може да се повозат со сочуваните и реставрирани автомобили на тест патека во Толјати, Русија каде моделот се произведува.

За време на развој на ВАЗ-2103 инженерите работеле заедно со експертите на компанијата Fiat. Возилото се базира на Fiat 124 и е произведена во периодот од 1972 до 1984 година. Моделот беше баран не само во СССР туку и на Запад, каде што се продава под името Lada 1500.

ВАЗ-2103 е третиот и последен модел кој се произведуваl во рамките на договорот со италијанскиот автомобилски концерн Fiat од почетокот на 70-тите години на минатиот век. Тоа е и најпрестижниот модел на АвтоВАЗ, каде за внатрешноста на кабината, но и за надвоешниот изглед се користат хромирани елементи. Моделот бил произведен во серија од 1,3 милиони возила.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK