Кој рече дека кинезите немаат пикапи?

ОБЈАВЕНО НА:

Иако во Кина далеку популарни се големите SUV возила и издолжените седани, сепак кинескиот произвдител Wuling кој е дел од заедничката компанија на SAIC, GM и Wuling, претстави пикап модел именуван како Wuling Journey.

Станува збор за концепт во црвена боја со црни заштитни елементи, а впечаток оставаат отворите за воздух на самиот покрив.

Сепак серискиот модел кој ќе го носи називот Wuling Zhengtu се очекува да има впечатливо различен изглед од концептот. Истиот треба да биде претставен во текот на оваа година, а во продажба ќе се појави во Кина, Индија и околните земји.

Wuling Journey Во однос на техничките карактеристики, под хаубата е најавен 1,5 литарскиот бензински мотор со 99КС и мануелен менувач. Во однос на должината, истата изнесува 5.105 мм, широчината 1.640 мм додека пак меѓуоскиното растојание 3.160 мм.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK