Кој ли ќе го купи: На аукција се појави полициски Ferrari 250 GTE

ОБЈАВЕНО НА:

И покрај тоа што полицијата во Дубаи ги има најбрзите службени возила, сепак највредната колекција на службени возила ја поседува италијанската полиција.

Националната полиција како и Карабињерите се дефинитивно најпознатите полициски одреди. Токму овие полициски одреди ја имаа таа среќа да егзистираат во држава која е позната по автомобилската индустрија и од каде доаѓаат брендови како Alfa Romeo, Maserati, Ferrari, Lamborghini…

Оттука, во гаражите ширум Италија, полицијата располага со многу ретки примероци на автомобили. Еден таков е и Ferrari 250 GTE, примерок кој сега е ставен на продажба.

Ferrari 250 GTE

Станува збор за автомобил од 1962 година, а во служба на полицијата бил само шест години. Располага со 3,0 литарски V12 мотор чија моќност изнесува 240 КС. Тука е и четири степениот мануелен менувач додека внатрешноста е обложена со кожа.

Ferrari 250 GTE

Овој автомобил наскоро ќе се најде на јавна аукција, а цената засега останува непозната.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK