Кој ќе профитира најмногу од oткажувањето на саемот во Женева?

ОБЈАВЕНО НА:

Одложувањето на саемот во Женева предизвика големи проблеми за производителите на автомобили. Многу светски познати производители на овој саем закажаа премиери на бројни новитети, но сега нема ништо од тоа.

Загубија производителите, загубија посетителите кои веќе ги платија влезниците и авионските карти за Женева, загуби организаторот. Но кој доби?

Најголем добитник се чини ќе биде организаторот на саемот во Деторит. Овој саем е закажан за 9 јуни годинава, а се шпекулира дека многу производители своите премиери ќе ги презакажат за на овој саем.

Тоа секако треба да го врати во живот овој саем кој последните неколку години бележи пад на посетеноста.

Добитници ќе бидат и останатите саеми кои ќе се одржат на кои се очекува дел од овие премиери да бидат преместени.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK