понеделник, 25 декември, 2025 година

Кој ќе ги покрие штетите на возилото од паднати дрва врз нив?

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Го регистрирате вашето возило, плаќате осигуривање, задолжителното автоодговорност и сметате дека немате проблем. Но, тоа е само во ситуација ако во текот на следниот период случајно удрите некого или пак сте дел од сообраќајка. Последното невреме во Македонија кога ненадејно падна снег и имаше доста уништени возила од паднатите дрвја врз нив го отвора прашањето. Кој ќе ја плати во тој слушај штетата на вашето возило. Овдека нема сообраќај, нема возила, нема контакт. А вие имате штета на возилото. И не е воопшто мала.

Слично е дали ваква незгода ќе ви се случи во Македонија или пак некаде во странство. Процедурата за наплата на штетата е иста. Секако треба да се направи записник за направената штета.

- Advertisement -

За разлика од авто одговорноста која е задолжителна и која се активира само во случај на познат сторител (односно се знае кој учествувале во незгодата) за покривање на штета од непознат сторител потребно е да поседувате каско осигуривање. Тоа ќе ја покрие штетата, и во зависност од тоа дали се работи за каско со франшиза или не, може и вие да учествувате во тоа или пак осигурителната компанија во целост ќе ја покрие штетата

Каско осигурувањето не е задолжително осигурување туку е доброволно и секој самостојно одлучува дали ќе направи и во кој обем. Каско-осигурувањето е доброволно и со него се покриени штети што не се опфатени со задолжителното осигурување при регистрација на возилото.

Кои штети на возилото ги покрива каско-полисата?
*сообраќајна незгода (дури и од ваше невнимание);
*пожар;
*удар од гром;
*експлозија;
*лоши услови на патот;
*луња;
*град;
*поплава, порој и високи води;
*злонамерни постапки;
*пад или удар на некој предмет врз возилото;
*кражба и разбојништво.

Каско-осигурувањето важи на територијата на Р Македонија и на географското подрачје на Европа

Цената на каското зависи од тоа дали сакате „фул каско“, или пка со некоја франшиза. Тоа значи дека при одредена штета ви ќе партиципирате со одредена сума, а другото го покрива осигурителната компанија. Примерот е едноставен. Доколкуи се решите на пример да имате каско осигурување од 200 евра. Тогаш во случај на потреба од активирање на каското, вие како сопственик ќе платите 200 евра а остатокот до целата сума осигурителната компанија.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја