Кој како продава автомобили низ Европа?

ОБЈАВЕНО НА:

Продажбите на возила во Европската унија паднаа за 0,4% во текот на април годинава што е пад на 1,3 милиони превозни средства. Податоците на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA) покажуваат намалување веќе осми месец по ред, а како и во претходните месеци тоа се должи на новиот стандард за утврдување на потрошувачката на гориво за лесни и леснотоварни автомобили (WLTP), кој беше воведен во септември минатата година. Од почетокот на годината падот е вкупно 2,6%, а продадени се 5,3 милиони автомобили.

Меѓу најголемите пазари за автомобили во Европа во април продажбите се намалуваат во Германија (за 1,1%, 310.715 единици) и во Велика Британија (за 4,1%, 161.064 единици).
Во Франциja продажбите се зголемени за 0,4% до 188.196 единици, во Италиja – со 1,5% до 174.412 единици, а во Шпанија за уште повисоки 2,6% до 119.417 единици. Највисок е растот на регистрирани автомобили во Литванија (42,2%) и Кипар (39,4%), додека максималниот пад е регистриран во Данска (13,5%), Финска (11,8%) и Шведска (11,6%).

Групацијата Volkswagen останува најголемиот испорачувач на автомобили на европскиот пазар во април, иако продажбите во Европската унија се намалени за 3,7% на месечно ниво до 323.832 автомобили. Пазарниот дел на компанијта е во пад од 25,7% на 24,8%. Бројот на регистрирани автомобили на Volkswagen е намален за 7,2%, Audi – со 5,4%, а продажбите на Skoda – со 1,4%, Seat – со 2,9%, Porsche – со 4,5%.

Групацијата PSA од Франција е на второто место и ја има зголемено продажбата за 1,5% до 215.382 единици, додека пазарниот дел е пораснат од 16,2% на 16,5%. Продажбите на брендот Peugeot се паднати за 0.8%, Opel/Vauxhall – за 3.4%, а тие на Citroen имаа скок од 14.7%. Renault Group исто така ги зголеми продажбите во Европската унија во април со 1.8% до 143.123 автомобили, но се наоѓа на 3. позиција. Делот на компанијата на регионалниот пазар порасна од 10,7% на 11%. Продажбите на брендот Renault се намалели за 5%, а на Dacia – за 15%.

Групацијата од Јужна Кореја, Hyundai (Hyundai и Kia) е четвртата компанија по продажби на европскиот пазар, а се наоѓа пред италијанско-американската FCA Group. Продажбите на Hyundai се зголемени за 2,6% (88.489 единици), а на FCA се намалуваат за 2,9% (87.050 единици).

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK