Една од ретките компании што ги наградува своите корисници и потрошувачи е Макпетрол и тие трета година организираат наградната игра каде доделуваат вредни награди. Во рамките од четвртото редовно и второ мастер коло беше доделена и главната награда од ова коло: чамец со приколка за влечење.
Чамецот, марка Ocean Master 390, комплет со управувачки механизам, вонбродски мотор Honda од 40KS и приколка, го доби Виолета Софрониевска. Во рамките на четвртото редовно, односно второ мастер коло, покрај другите награди, претставниците на Макпетрол АД доделија и лап-топ Dell, кој го доби Драган Митев.
Од компанијата ги повикаа сите оние кои не биле добитници во изминатите кола, да продолжат да точат гориво на бензинските станици на Макпетрол, затоа што нивните трансакции на крајот на наградната игра ќе учествуваат во новогодишното финално коло и ќе бидат потенцијални добитници на, единствена во својата класа, новата Honda Civic.
Во извлекувањето на четвртото редовно коло учествуваа скоро 250.000 квалификувани трансакции, додека во извлекувањето на второто мастер коло учествуваа речиси 370.000 квалификувани трансакции и од нив беа извлечени двајцата среќни добитници на овие вредни награди.
Членството на ВЕРНА програмата за лојалност на Макпетрол, веќе се доближи до бројката од 145.000 корисници кои на продажните места на Макпетрол досега оствариja 8.250.000 бодовни трансакции.