Последните податоци од агенцијата JATO Dynamics покажуваат дека продажбите на новите автомобили во Европа почнуваат да се стабилизираат, а во јули беше забележан минимален пад од 4% во споредба со истиот месец минатата година и е достигнато ниво од 1,28 милиони единици (1.278.521).
Најпродаваниот нов автомобил во јули 2020 година во Европа е Volkswagen Golf (31.169), а во ТОП 5 влегуваат уште и Renault Clio (25.054), Skoda Octavia (22.569), Peugeot 208 (20.520) и Renault Captur (20.361).
Од JATO ставаат акцент на пазарните перформанси на електромобилите во текот на јули, а коментираат дека во групата е отчитано рекордно високо претставување и како резултат на тоа пазарниот дел достигнал ниво од 18 проценти (7,5% во јули 2019 и 5,7% во јули 2018).
Во јули кај електрифицираните автомобили е отчитан пораст од 131% до 230.700 единици. Најпродавано целосно електрично возило е Renault ZOE (9.280), а во ТОП 5 влегуваат Hyundai KONA (4.405), Volkswagen e-Golf (4.094), Kia Niro (3.332) и Peugeot e-208 (2.559).
Кај хибридите на полнење, лидер со убедливна предност е Ford Kuga (6.366), а потоа следуваат Mercedes A-Class (3.454), Volvo XC40 (3.453) и BMW 3 Series (2.663).
Во случај на хибриди без полнење најголемата заинтересност имаат Toyota C-HR и Corolla со соодветно 10.571 и 10.345 единици, а на третото место се наоѓа Ford Puma со 7.681.