Кој електричен автомобил најбрзо забрзува до 100 км/ч?

ОБЈАВЕНО НА:

Електричните автомобили полека, но сигурно ги заменуваат оние, традиционалните. Досегашните електрични автомобили, а особено најавените кои ќе бидат претставени во наредните година-две имаат далеку подобри перформанси.

Многу производители како Porsche, Audi, BMW веќе ги најавија вистинските ѕверови кои и за помалку од 2,5 секунди ќе забрзаат до стотка. Но кои од постоечките електрични автомобили најбрзо забрзува до 100 км/ч?

Според официјалните технички податоци, најбрз автомобил убедливо е моделот S Performance на Tesla кој до 100 км/ч забрзува за 2,4 секунди. Потоа следи моделот X Performance со 2,7 секунди.

Послаби перформанси покажуваат Audi e-Tron кој до стотка крева за 5,5 секунди, како и Jaguar I-Pace на кого му е потребно речиси 6 секунди за истото.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK