Сите производители би сакале да понудат нешто ново на пазарот, а во моментов тренди е да се работи на развој на електрични возила, но и автономни. Додека се возите од место А до место Б, вие седите во возилото кое само се движи и без ваша помош учествува во сообраќајот.
И додека се работи на развојот на ваквите возила, се работи и на регулативата во сообраќајот, токму кога станува збор за учеството на ови автомобили. Засега се е уште во почетна фаза, на размислувања, но и предвидувања на можни сценарија во сообраќајот.
Едно од најважните прашања е кој ќе биде одговорен во случај на судар на две вакви возила? Ова прашање најмногу ги засега компаниите за осигурување кои би требало да ја исплатат штетата доколку се случи нешто вакво.
Во истражувањето на Thatcham Research прецизното одредување на носителот на одговорност за евентуален сообраќаен инцидент е од клучно значење, особено за иднината на развојот на ваквите возила. Важно е да се утврди кој управувал со возилото во моментот на несреќата, човек или пак самиот компјутер. Дали станува збор за човечка грешка или недостатот на системот.
Соработката на осигурителните компании и производителите ќе има бенефит за сите, зашто потребно е да се има повеќе податоци пред и з авреме на несреќата, од што корист ќе имаат сите. Од утврдување на виновникот, како е настанат инцидентот, па до начини како да се отстанат евентуалните пропусти.
Но, засега сево ова е само во фаза на подготовка. Веројатно многу брзо ќе стигнат и првите предлози.